5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ верува во победа: Победуваме јако во Куманово, Пчиња и цела Македонија (Фото)

ВМРО-ДПМНЕ верува во победа во Куманово, но и во цела Македонија. Ваква порака вечерва беше испратена на Фејсбук од село Пчиња каде со своите сопартијци биле потпретседателот Владо Мисајловски и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од премиерот за фирмите кои се поврзуваат со негови блиски во соседна Република Бугарија. Заев и СДСМ избегнуваат 4 дена да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија. Затечениот Заев сеуште не кажа дали овие фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чие работење Заев драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој упати низа прашања до премиерот Заев:

„Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?“

Арсовски објави неколку факти кои отвораат многу прашања и сомнежи.

-Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп. Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви. Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика, посочи Арсовски и подвлече:

„Овој бизнис кој се овозможува со отворањето на рудникот Иловица тежи над 10 милиони евра годишно. Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став? Редно е да им одговорите на граѓаните и да не бегате и да се криете од јавноста.“

поврзани објави

Последни објави