3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поскапуваат горивата, Регулаторна го објави новиот ценовник

Цените на дериватите што ќе важат во следните две недели се објавени од Регулаторна комисија за енергетика.

Според новиот ценовник, бензинот „супер-98“ поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар. „Супер-95“ поскапува за 2,5 денари и ќе се продава по цена од 68,5 денари, а литар дизелот ќе биде поскап за половина денар и ќе се продава по цена од 61 денар.

Кој е бенефитот од прогресивниот данок за државата пишува магазинот Фактор.

За безмалку 14 отсто се повисоки приходите кои државата ги собрала во буџетот по основ на персоналниот данок во јануари годинава. Во тој месец од тој данок се инкасирани 1,174 милијарди денари или за 13,8 проценти повеќе на годишна основа. Од јануари годинава практично државата воведе прогресивен данок на доходот според кој аконтацијата на данокот од доход од работа, на доходот од авторски и сродни права и на доходот од продажба на сопствени земјоделски производи до 90.000 денари месечна даночна основа се пресметува по стапка од 10 проценти, додека од 90.001 денари по стапка од 18 проценти.

Дали ефектот од прогресивното оданочување ќе биде поголем или ќе се исцрта во поголеми приходи од овој данок ќе биде појасно на крајот на годината. За ова и за другите теми од економијата кои ги разработува Фактор прочитајте на нивниот портал ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави