На важните раскрсници во Србија денеска има нов сообраќаен знак. Наместо добро познатиот црвен знак СТОП, на кои сите сме навикнати, возачите беа затекнати од новиот знак „СТОП“ кој е со зелена боја. Иако сообраќајната полиција многу порано најавуваше промени во сигнализацијата, возачите денешниот ден го дочекаа тотално неподготвени.
Подобро би било сите да бидат упатени во тоа што значи новото „СТОП“ кое е со зелена боја, бидејќи за неговото непочитување следуваат драконски казни.
Како што пишуваат српските медиуми тоа означува менување на семафорот и регулирање на сообраќајот. Доколку не сакате српската полиција да ви напише казна од 10. 000 до 20. 000 динари, ве советуваме да застанете секогаш кога ќе го погледнете овој знак. Неговото поставување во Србија започна денес. Се очекува до петокот цела Србија да има вакви знаци, а полицијата веќе врши контрола за тоа дали истиот е прифатен и почитуван од возачите.
Што да правите кога видите зелено светло?
Морате да застанете со вашето возило и да ги пропуштите возилата кои се наоѓаат на улицата. После тоа продолжете го вашето движење.