Најмногу боли неправдата, особено кога се манифестира во време на тежок пост, време кога (по своја волја) се чисти човек како духовно така и телесно. Не можам, а да останам рамнодушен на ШОВИНИЗМОТ кој токму во ова време го сее еден “господин“ од неговата удобна фотелја.
Па да почнеме.
Не сум филозоф, не можам да го генерализирам моето мислење во однос на некоја работа па истото да го наметнувам како дефиниција но ќе пробам најпросто да Ви објаснам.|
Прво, зошто во ист кош (не) се ставаат национализмот и фашизмот?
Почитуван “господине“, национализмот претставува приврзаност кон сопствената нација која живее на одредена територија и почитува одредени начела на државата која на таа територија пак го регулира животот на граѓаните или жителите на државата.
Просто кажано, ништо повеќе ништо помалку. Одиме понатаму, национализмот не бива да се рамни со фашизмот од една проста причина што, фашизмот претставува тоталитарна идеологија што за национализмот како идеологија не одговара особено затоа што национализмот верува во територијален интегритет и заедница.
Понатаму, национализмот не навредува ниту пак уништува, напротив го вреднува поединецот па и колективот. Национализмот не понижува ниедна друга нација, туку ја зголемува љубовта кон својата, не уништува култури и традиции туку ја унапредува и негува својата.
Не можам да сфатам чуму толкава омраза кон луѓето кои негуваат вакви вредности, а што е пак уште поконтрадикторно со исти такви луѓе и Вие “господине“ работите, живеете, СОРАБОТУВАТЕ во најмала рака веќе два изборни циклуси наназад.
Што е уште пожално? Истите тие кои со Вас соработуваат, националистите или десничарите (кои ги нарекувате терористи патем) да не бидам вулгарен ќе речам ги ангажирате за глас повеќе на секои избори, а тие пак водени само од желбата за подобра држава и подобра иднина на народецот кој живее во кој впрочем живеете и Вие досега ниту одбиле ниту пак заслужиле со некакво нивно дело да бидат спорадично но со остро настроение шиканирани особено со Вашиот шовинизам пресаден во некои дамнешни времиња кои ниту ме фасцинираат ниту пак ги посакувам назад затоа што сега сме 21 век и треба да размислуваме за утре, за десет – петнаесет години, затоа што и Вашите деца и моите треба утре да живеат во истата држава за која се пенавиме и со истиот народец со кои живееме сега.
Ај еве да не го дискриминираме и шовинизмот, ќе го дефинираме просто.
Најпрво шовинизмот го добива името по некој официр на Наполеон Бонапарта, Шовен, кој во идеите на Бонапарта гледал како волја на Господа и кој слепо верувал на секаквите зборови искажани од таа уста.
Жал ми е што во дваесет и први век “најголемите демократи“ во моментов ги окарактеризираат “различните“ од нив, од себе, како болесници на нашево општество, а патем сме демократија (каква таква) веќе дваесет и осум години.
Па се прашуваме зошто национализмот и десничарството се ставаат во лоша конотација, зошто различностите воопшто се карактеризираат некако? Мора ли поразличниот од мене само затоа што си ја сака нацијата и татковината или верува во поразлична политичка идеја да биде полош од мене, Вас “господине”, од сите други милион ипол народ во оваа наша држава, сте се запрашале или само онака колку да се плукне?
Жал ми е што и покрај овие дваесет и осум години партиско-политичко општење во Македонија некој не ја разбрал до крај демократијата, слободата, правото на избор и правото на верување.
Еве и јас како “болесник” и “терорист” не Ви посакувам ништо лошо напротив сакам некогаш да се просветлите и да признаете дека сепак во ова општество, какво – такво постои различно мислење, постои нешто поинакво од Вашите идеолошки (не)сфаќања.
Пишува: Дино Блажески, Претседател на УМС на ВМРО НП