Во кус син фустан, Фатиме Фетаи се појави на роденденот на „1 Тв“ во Македонската Филхрамонија.
Специјалната јавна обвинителка секогаш привлекува внимание со стилот кој е главно класичен, но овој пат Фатиме се реши за посмела варијанта во тренди, пролетна боја и доби комплименти за својот изглед.
Таа на забавата дојде во друштво на Катица Јанева, која избра црн долг фустан со сребрено палто.
Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи е жена со свој изграден стил. Со секое свое појавување таа изгледа елегантно, а овој пат има моден погодок.
Фетаи секогаш избира парчиња по последна мода и знае како да изгледа одлично. Впрочем секое нејзино издание до сега изгледало светски, елегантно и привлечнп, па така беше и овојпат.
Таа, исто така и на судењето пред неколку дена се појави во кошула-фустан што е хит број еден за оваа сезона и изгледаше навистина светски.
Нејзината препознатлива црна коса, сега ја носи во кратка боб фризура која што исто така е хит сезонава и строги шишки од кои никако не се откажува.