14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

М. Трендафилов Нанче: Кој и зошто го направи долгот на општина Охрид што ќе се опростува?

Кој, зошто и како го направил долгот на Општина Охрид и дали во истиот има криминал?“- праша на денешната прес-конференција Михаил Трендафилов- Нанче, кандидат за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско Демократска Унија, како реакција на изјавата на в.д. градоначалникот Константин Георгиески, дека Општината го почнала своето раздолжување.

Нанче го поздрави постигнатиот договор меѓу локалната власт и доверителите преку опростување на камати и намалување на главници но постави и неколку клучни прашања за тоа како ќе бидат покриени опростените 15,4 милиони евра, без кои долгот на Општината ќе изнесува приближно 9 милиони евра.

Кандидатот за градоначалник на ГДУ праша, од каде и какви средства ќе обезбеди Владата за намалувањето на долгот, каква порака ќе се испрати до јавноста, од каде ќе дојдат средствата во буџетот, дали истите ќе бидат обезбедени преку казни од УЈП, полицијата и сл, дали некој води грижа за тоа колку од приватните фирми-доверители пропаднале, опстанале и како успеале да опстанат додека „среќни и задоволни“ опростуваат камати и намалуваат главници.

поврзани објави

Последни објави