Се огласи младата активистка од УМС на ВМРО-ДПМНЕ која му даде рекламен материјал на портпаролот на СДСМ Коста Костадинов кој во тој момент држеше прес пред граѓанскиот штаб на Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
Бев, се сретнав, му понудивме програма и рекламни материјали, со задоволство ги прифати, го пoздрави гестот и посочи дека би сакал позитивна кампања до самиот крај, напиша таа на Фејсбук.
Ова беше исклучиво интересен момент каде што можеше да се почувствува пријатна атмосфера меѓу политичките ривали односно меѓу нивните млади претставници, ако се земе предвид фактот дека Коста Костадинов е исклучиво млад политичар.
Селфи со Костадин Костадинов на барање на млада активистка од штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Така личи, за фер кампања! Одиме напред!
Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Friday, April 5, 2019