Актерката Јелена Јована со емотивна порака се прости од нејзината постара колешка, Билјана Беличанец – Алексиќ.
Беличанец беше пронајдена мртва во стан, а според неофицијалните информации се обесила.
-„Се надевам дека сега си на подобро место… Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого… Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше… Толку многу даде, а уште колку многу остана…. Тешко и за неверување маме.. Ти благодарам за СЕ! Почивај во мир Билјана Беличанец“-напиша Јелена.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.
Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како „Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии.
Има две деца од првиот брак. Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски, пишува порталот СДК.мк.