Звездата на серијата Преспав, актерот Васил Зафирчев, со тешки зборови се прости од својата колешка, Билјана Беличанец, која синоќа го напушти овој свет.
„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можете да даде уште многу цутови. И сакаше, ане напушти на најтрагичниотод сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, гласеше објавата на Зафирчев.
Беличанец синоќа во 22 часот и 40 минути беше пронајдена во својот дом без знаци на живот, а настанот во полиција го пријавил нејзиниот сопруг.
Се уште не се познати причините за веста што ја потресе државата, извршен е увид, а телото е предадено на обдукција.