6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Калиопи со поинаков статус се прости од Беличанец: Збогум актерке со раскошен талент

Една од најпопуларните македонски пејачки Калиопи денеска како и многуте јавни личности изрази сочуство и се прости од актерката Билјана Беличанец Алексиќ.

Што е тагата без договор на суштествувањето, без одговор на сочувствувањето, без ехо на внатрешниот глас? Збогум актерке со раскошен талент.

Фото

Збогум актерке со раскошен талент, напиша таа.

За потсетување, актерката беше пронајдена без знаци на живот синоќа во стан во Скопје.

Билјана Беличанец – (25.07. 1973, Скопје – 06.04.2019 Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работи во Народен театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп (1994-1997), додека во 1997 година преминува во Драмски театар Скопје. Како актерка со непроценлив талент, работна пожртвуваност и професионалност, ги толкува главните улоги во пиесите и заслужено го зазема местото на првенец актер во ДТС. Од 2013-2017 година ја извршува функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Селективна театрографија: Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин – слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001); Мувата Ѕунѕарка (Како се станува цар, 2003); Дона Естрела (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Наталија Ивановна (Три сестри, 2004); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Хелен (Жив чоек/Everyman, 2004); Старицата (Демонот од Дебар Маало, 2006); Донка (Македонски рулет, 2007); Ана (Комшилук наопаку, 2007); Велика (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Кинегонда/ Малечката/ Службеничката (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Цвета (Грев или шприцер, 2011); Сара (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Македонија (Архелаос или Еврипид се враќа дома, 2012); Македонка (Последните Македонци, 2012); Ема (Љубовници, 2015).

Селективна филмографија: Мајки (2010); Од денес до утре (2010).

Награди: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата „Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1996); Награда за најдобар млад актер на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС), за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ (Сараево, 2000); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012).

Нејзините колеги, фанови и пријатели со тажни пораки се простуваат од Билјана.

поврзани објави

Последни објави