Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски преку својот Фејсбук профил упати благодарност до претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, поради одлуката лустерите од централниот штаб да бидат донирани во македонските цркви и манастири.
“Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата св Никола с.Љубанци ќе ви е вечно благодарна”, напиша Тарчуловски.
Огромна благодарност до претс.на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот…
Posted by Јохан Тарчуловски Johan Tarchulovski on Sunday, April 7, 2019