Добро бе младино, на свои 20ти немате ли девојки/дечковци за опседнување, немате ли километри отворени патишта низ светот за шетање? Немате ли супстанци за пробување, фасцинантни карактери за муабетење по цели ноќи, за трчање голи по млада месечина?
Немате ли желба за тетоважи и пирсинзи, за техно/рок концерти… Малку барем бунтовност во срцето? Револт и бес кон тие што ви наметнуваат ограничувања на љубовта и идеите?
Што мајка барате да трошите време по партиски кампањи никогаш нема да ми стане јасно. Каква е бе таа душа, тоа домашно воспитување, што на свои 20ти слугува на конформизам и поткупливост? На 20ти ако немате живот во очите, што ќе правите на свои 40ти?
Налет што само парите ве импресионираат. Појма немате што од животот пропуштате!