Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека намалувањето на затворската казна на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка покажува дека судството не е реформирано, пренесе порталот СДК.
„Одлуки на суд не коментирам. Но ова што се случи со студентката од Крива Паланка, покажува колку треба да се реформира судството. Судски одлуки не се коментираат, но судски одлуки кои се лоши за државата и поединецот, заслужува да се реагира. Минавме тежок период од 11 години кога правилата станаа исклучоци а исклучоците правила, во кој се промени менталитетот на граѓаните, одговори министерот Спасовски на прашање од граѓанин на трибина во Велес, за безбедноста во сообраќајот.
Прочитајте повеќе: Мицкоски – за прв пат во историјата на државата ќе избереме жена за претседател.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред граѓаните во Карпош рече дека за првпат во историјата на Република Македонија ќе се избере жена за претседател на Република Македонија.
-Професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Република Македонија и тоа ќе се потврди и на 5 мај, истакна претседателот Мицкоски.
Мицкоски пред граѓаните на Карпош упати порака зошто e важна поддршка на граѓаните и нивната масовност на претседателските избори и рече:
-Гордана е исклучителна личнност, харизматичен човек затоа шо е принципиелна, искрена, храбра, мотивирана да го брани Уставот и заштитува законите, затоа што е подготвена да се бори за Република Македонија и за секој еден човек , затоа што е најинспиративниот професор на правниот факултет во Скопје, затоашто несебично го споделува своето знаење, затоашто Гордана Силјановска Давкова граѓаните на Репулика Македонија ги вика браќа и сестри, добри луѓе и почитувани, а не ги вика како што ги вика оној којшто денеска со Зоран Заев се обидуваат повторно да го излажат македонскиот народ.