Познатиот скопски адвокат, Драган Пешевски, кој беше бранител на обвинети во случајот 27 април – го охрабрува претседателот Ѓорге Иванов да даде амнестијата за случајот и така да ја исправи неправдата.
Неговиот фејсбук статус го пренесуваме во целост:
Генерално сум против закони за амнестија, помилувања, аболиции, затоа што сметам дека истите создаваат правна несигурност, кај пошироките маси се ствара чувство дека одредена каста (најчесто политичката) во општеството не подлежи на кривична одговорност, со нив се навлегува во самојстојноста на судството итн итн.
пишува: Драган ПЕШЕВСКИ, адвокат
Како посебно одвратен ке го нагласам последниот закон за амнестија, селективен, каде беа помилувани оние што во моментот имаа цена на политичкиот бит пазар, закон со кој мене ми се згади адвокатурата, закон со кој на сите освен на тие што го изгласаа и беа помилувани им се превртија цревата (а го гласаа тие што беа амнестирани).
За да биде удрена гилотината на правдината судот по овој закон на преостанатите безвредни незаслужни несреќници им одреди драконски казни (за дело кое што одговорно тврдам дека не го сториле, тероризам жити мајка).
Поради ова без разлика што како што кажав не подржувам закони за амнестија, ке ги подржам барањата на дел од обвинетите за ослободување од кривичен прогон. Да точно, секој треба да одговара за своето против законито дејствие пред законот, но СЕКОЈ треба да одговара!!! Треба да одговара за СВОЕТО против законито делание со точен опис на дејствијата кој ги презел а не произволно за тероризам. Е заради тоа овој пат со чиста совест, без око да ми трепне, ги подржувам барањата на обвинетите.
Од друга страна одговорно му тврдам на ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со оглед на тоа да гледам дека има јавна дебата околу ова прашања дека има субјективно право да одлучи за ослободување на обвинетите и тоа заради тоа што законот со кој што се брише фамозниот член 11 од законот за помилување е укинат, не постои и нема правна сила. Ова значи дека прописот со кој се брише член 11 од законот НЕ ПОСТОИ. На иста бранова должина со моето толкување е и толкувањето на Уставниот Суд на Р.М. а кога збориме за прашања од надлежност на уставноста и законитоста и ако збориме за правна држава баш ставот на оваа институција треба да ни е најрелевантен. А од друга страна со ниеден закон на претседателот неможат да му бидат ускратени надлежностите утврдени со Уставот на Р.М.
Поради истото го охрабрувам претсетдателот да ја исправи правната неправда (во рамки на возможното) која настана по донесување на законот за амнтестија и ги ослободи обвинетите од понатамошен прогон.