Кампањата на професорката Гордана Силјановска Давкова во првите десет дена чинела 163 илјади евра, што е речиси е тројно помалку од она што го потршил нејзиниот противкандидат од власта Стево Пендаеровски кој прикажа 484 илјади евра расходи во својот финансиски извештај. Најмалку пари во првата половина од кампањата потрошил кандидатот Блерим Река.
Силјановска според извештајот имала приходи од 203 илјади евра . Пари се обезбедени преку донации од 250 граѓани, меѓу нив најголем дел партиски функцинери на ВМРО-ДПМНЕ. Најголема донација дал потпретседателот на партијата Алекнсадар Николовски кој донирал 3.000 евра, 2.5 илјади евра донирал пратеникот Антонио Милошоски. Додека пак, поранешниот градоначланик на Скопје Коце Трајановски донирал 1.500 евра.
Најголем трошок во кампањата на Силјановска се рекламите и транспортните услуги.
Како што веќе објавивме, Пендаровски, како приходи пријавил повеќе 504 илјади евра. Околу 3.000 евра добил како граѓански донации од едно лице, додека пак, 162 илјади евра се од членараните на СДСМ за 2018 и 2019 година. Речиси 340 илајди илјади евра се обезбедени за платено политичко рекламирање.
Пендаровски, според извештајот, потрошил 484 илајди евра. Од нив 340 илјади се за рекламирање. Сепак, од сите направени расходи во овој период платил само 145 илјади евра.
Блерим Река во првите 10 дена од кампањата на сметката за изборни активности пријавил приходи од само 18 илјади евра. Сите пари ги добил како донации од БЕСА и Алијансата на Албанците, партиите кои ја поддржаа неговата кандидатура.
Река во овој период потрошил повеќе отколку што добил. Расходите му изнесуваат 25 илјади евра и тоа за реклами и пропаганда потрошил 23 илјади евра, а остантите пари за закупување на простор, за транспорт и други трошоци.
Ова ќе бидат први избори во кои закуп на рекламен простор ќе се се плаќа од државниот буџет.