Новинарка прашува млад човек на улица во Прилеп: Како се справувате со финансиите и што мислите за економската состојба во градот?
Па како да ви кажам. Работа има, платата е добра, но проблем ми е што кога ќе дадам 10% од платата за цигари, 30% за алкохол и наркотици, 30% за жени, 20% за кладилници и ми остануваат само 10% од платата, кои ги трошам за глупости.
Како започнува денот на скопјани?
Ало брат, кај си што правиш? Еве бе брат, на една ѝ ја мирисам косата, а друга ме гази со штиклата. Ааа, ок. Јави ми се кога ќе се симнеш од автобус. Важи.
Македонскиот патриотизам во 21 век.
Ако во 1903 година во Македонија имаше интернет, немаше да има Илинденско востание, туку ќе имаше фан страна на Гоце Делчев и група на Фејсбук „Да ја ослободиме Македонија од турско ропство“.