14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Силјановска Давкова до Пендаровски: Како доктор по право не може да не знаете каков треба да биде еден закон за амнестија

На телевизиската дебата на Сител телевизија на прашањето поврзано со Законот за амнестија професорката Силјановска Давкова го обвини кандидатот на власта Пендаровски дека тој иако има докторат по право, не знае дека овој закон не важи ерга омнес.

-Донесовте закон за амнестија кој не важи за сите, туку требаше да поднесуваат како за помилување барање заинтересираните, вие не знаете што е закон за амнестија, вели професорката кон Пендаровски.

Таа истакна дека законот за амнестија се однесува на сите што учествувале во еден настан или сите што се обвинети за едно дело, таа вели тоа не беше закон за амнестија, туку уште слики да имаше од луѓето кои што требаше да бидат амнестирани.

Таа исто така истакна дека барањата за анестија ги поднеле само оние кои требало да ги поднесат, во амнестијата нема сакање или несакање, туку законот за амнестија веднаш стапува на сила и нема потреба од дополнителни поднесувања на барања.

Професорката го обвини Пендаровски дека како човек со докторат по право и искуство во безбедноста во прашање е и неговата диплома, затоа што не може да не знае каков треба да биде еден закон за амнестија.

поврзани објави

Последни објави