4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Обратете внимание: Погледнете зошто никогаш да не порачувате чаша со вода во ресторант

Кога порачуваме пиење или храна во рестораните и кафичите, обично обраќаме внимание само на храната или „главното пиење“, а тоа е најголемата грешка и потенцијално најголем ризик за вашето здравје.

Според експертите најголемиот број на бактерии и потенцијални опасности по вашето здравје се наоѓаат во она што доаѓа како следбеник на тоа што сте го нарачале – чаша вода од чешма.

Една од најопасните работи кои можете да ги конзумирате во ресторан или кафич е водата од чешма. Сетоа она што одредено време ќе стои на температура меѓу 40 и 140 степени има висок потенцијал за собирање бактерии. Доколку водата веќе неколку време седи на вашата маса или келнерот ви донесе топла вода, побарајте нова чаша.

Чашата во која има топла вода може да биде вистински извор на зарази, важно е да бидете внимателни со цел да го зачувате вашето здравје, посебно во топлите денови кога бактериите се распространети на сите страни. Покрај тоа, многу кафичи и ресторани продаваат флаширана вода, па немаат прочистителни системи за вода.

Во едно истражување кое опфатило неколку ресторани за брза храна во Америка, откриено е дека ледот кој се става во пијачките содржи повеќе бактерии отколку во тоалетите во тие ресторани. Причината е поради тоа што се прави со вода од чешма.

поврзани објави

Последни објави