Драган Стојковиќ Босанац завршил во болница каде веднаш му била направена операција на срцето. Членот на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се наоѓа на интензивна нега, а операцијата поминала добро, како што пренесуваат српските медиуми.
Имено, на Босанац му било оперирано срцето на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, а оваа информација ја потврдува и Др. Милован Бојиќ, доктор на споменатиот инситут.
-Точно е дека Драган Стојковиќ е на нашето одделение. Опериран е и одлично се чувствува. Вчера му беше направен оперативен зафат, а моментално се наоѓа на интензивна нега.
Станува збор за хирургија на срцев залисток и се што можам да кажам е дека се помина успешно и е добро завршено, вели лекарот и директот на болницата.