Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше советуван од страна на албанскиот политички аналитичар Арбен Раткоцери да седне и да се напие едно кафе со првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин основач Љубчо Георгиевски, за како што рече, да разговараат за заедништво со албанците во државата.
Би сакал да ви дадам еден совет, да се напиете едно кафе со Љубчо Георгиевски, кој ако се сеќавате во 1999 година, покојниот Борис Трајковски стана претседател на државата.
Јас би пиел и пијам кафе со господинот Љубчо Георгиевски. Впрочем, јас сум се зачленил во ВМРО-ДПМНЕ кога нејзин лидер беше Љубчо Георгиевски, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Целото гостување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ClickPlus погледнете го на следното видео: