Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, и еден од највлијателните во Алијанса за Албанци, не исклучува можност во иднина да коалицираат со ВМРО ДПМНЕ. Што се однесува до поддршката во вториот круг, тој се надева дека нивниот кандидат ќе биде еден од двајцата, во спротивно гласачите сами ќе одлучат кому ќе го дадат својот глас.
Тој пред неколку дена ги повика Македонците да гласаат за Блерим Река. ,,Омразата кон Албанците и војната против нив секогаш беше во сферата на интерес на носителите на владините круни не затоа што тие имаа некаков непосреден проблем со нив. Не! Дијагнозата беше многу подлабока: тие имаа непосреден проблем со нивниот карактер. Манијата за задржување на власта по секоја цена е патолошка, а Албанците беа користени како инструмент за постигнување на нивната цел – задржување на власта!
Од друга страна, овој анти-човечки покер, каде што Албанците беа картите… ваквата албанска дефакторизација и намалување на нивниот број беше природна последица на целиот тој,,масакр“. Но, секое зло има крај. Ниеден народ не е толку наивен да биде измамуван и злоупотребуван до бескрај. Па, така, во Северна Македонија, се чини, дека по шовинистичките бури почна да дува ветер кој тежнее кон мирот со крајна дестинација НАТО.
Токму ова е моментoт во кој што Албанците, поради политички лудости, а особено поради неспособноста на албанската партија која ги претставува во власта, ризикуваат да го изгубат и своето име, бидејќи Уставот нe ги нарекува Албанци, туку „дваесет посто“! Бројче за цел еден идентитет! Токму во еден ваков миг, се случува нешто добро на нашата сцена. Се кандидира Блерим Рака за претседател, кој, несомнено, е еден од најподготвените интелектуални и дипломатски кадри“-пишува Таравари. И додава: ,,Албанците имаат ретка, а можеби и единствена прилика, да ги санираат последиците од минатото и да се идентификуваат како еден од народите во оваа држава, а не како нејзин број! Премиерот има ретка можност да се ослободи од притисокот на оние Албанци кои досега пречекувале и испраќале партии во палатата на Владата. Имајќи го Блерим Река како претседател, чија визија „сите да бидеме заедно“ е визија која многу ветува, ќе го отвори патот кон обединувањето, а не одвојувањето, кон хармонијата, а не поделбите!
Во сите канцеларии на ЕУ вратите ќе се отворат многу полесно доколку после 21 април земјата за претседател го има г. Блерим Река. Во ниту еден момент не се сомневам во тоа, ниту јас, ниту секој оној кој имал можност одблиску да го запознае г. Блерим Река. Блерим Река им е потребен на сите заедници кои живеат во оваа држава и на сите граѓани. Затоа што има што да понуди и затоа што, верувајте, никогаш нема да ве изневери! Време е за вистинскиот избор, да ја искористиме можноста!“-пишува Таравари.