Водиме против кандидатот на СДСМ и ДУИ. Водиме во Битола, Велес, водиме во Кавадарци, водиме во Кичево, Кочани, Охрид, Неготино, Прилеп, Свети Николе, водиме во Штип, водиме и во Аердром, Бутел, Кисела Вода. Победивме во Пехчево, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров.
Вечерва победува Македонија, победува правдата, стигнува правдата, честитоста наспроти неправдата, Македонија против Северна!
Македонската пролет се случува драги браќа и сестри, рече Јанушев во своето обраќање.
Јанушев беше пречекан со огромно скандирање на името на партијата.
Јанушев најави подетални информации подоцна во ноќта откако ќе бидат обработени поголем број на општини.