-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски се огласи за првиот круг од изборите: СДСМ незнаат ни да глумат

Заврши првиот круг од претседателските избори, кој помина со најслаба излезеност досега споредено со претходните изборни циклуси за татко на државата. Според информациите од ДИК, излезеноста на првиот круг од претседателските избори е 41,82 отсто или своето право на глас го оствариле вкупно 755,816 граѓани.

Коалицијата предводена од СДСМ, со својот кандидат Стево Пендаровски освоија вкупно 42.85 отсто од гласовите, односно за Пендаровски гласале 323,846 граѓани, за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, гласале 319,240 граѓани, или 42,24 отсто, додека пак за кандидатот поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, Блерим Река, освои 10.57 отсто т.е за Река гласале 79,915 граѓани.

За изборите се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство.

– Кога ВМРО ја водеше владата во време на економски и политички кризи, се трудевме и носевме нови фабрики од странство за невработените и нископлатените да добијат работа и можности.

Денес, кога економски кризи во Европа и светот нема, би требало да доаѓаат три пати повеќе нови инвестиции. Но денес нема речиси воопшто напор за убедување на нови фабрики и компании кои ќе отворат нови работни места, освен малку глума. А нема ни кој. Незнаат ни како. Ниту пак имаат воља и интерес да научат или да најдат некој кој знае.

Затоа сега, се повеќе, многу повеќе од порано, невработени и невреднувани спасот го бараат надвор. Таму кај што се фабриките, компаниите, можностите кои никој не се труди да ги привлече и донесе, а Македонија секој ден е со помалку народ.

Всушност, не се само фабриките, невработените и нископлатените оние кои не ги интересираат.

Подолу ќе видите многу повеќе работи кои не ги интересираат да ги довршат а во најголема мерка им се одработени, ах таа македонска деструкција, напиша Груевски вчера.

поврзани објави

Последни објави