Украинците утринава се разбудија и сфатија дека изминативе месеци воопшто не биле сон. Навистина избраа човек кој во телевизиско шоу глуми професор кој потоа станува претседател. 41-годишниот актер Володимир Зеленски на вчерашнте претседателски избори му нанесе убедлив пораз на актуелниот Петро Порошенко, освојувајќи неверојатни 73% од гласовите.
Прогласувајќи победа им порача на граѓаните дека никогаш нема да ги разочара. Бизнис тајкунот Порошенко освои само 25% од гласовите и го призна поразот, но најави дека нема да се повлече од политиката.
Следниот месец ќе ја напуштам функцијата претседате. Ќе си заминам од канцеларијата, но да истакнам дека не ја напуштам политиката. Ќе останам во политиката и ќе се борам за Украина, изјави Порошенко.