Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите, напиша на фејсбук Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ.
Жал ми е што не сум во Собрание денеска. Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите! Нека се сетат кој заедно со „началникот” поставуваше судии, нивните Муса Џафери и Блерим Беџети. А ИВЗ е посебна приказна, како што бива, криминалци си бранат криминалци.
Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна и е обид да бараат изговори зошто не можат да испорачаат тоа што ветиле на изборите. Среќа што луѓето одамна не им веруваат ниту ним, ниту на РЕЗИЛИТЕ ОД ИВЗ, напиша Зекири на фејсбук.
Прочитајте повеќе: Исламската Заедница е многу посвета од Владата на Македонија порача во име на ИВЗ Муамер Вејсели по вчерашниот упад на владата во ИВЗ.
Тој изјави дека Груевски во 2015 година бил најмоќен, а сепак морал да замине како азилант, каде ќе бега сега Заев прашува Вејсели.
Предходно реисот на ИВЗ Реџепи јавно призна како од него од Заев било барано да се урива “монструмот” Груевски прашувајќи кој е сега монструм. Профил на Твитер зборува за конфликт околу ИВЗ кој трае подолго време.
Во 2010, УДБА со "кртовите" почна војна во ИВЗ која се уште трае:
👉 2010 _ Рамадани*
👉 2015 _ Шабани, Тахири, Бузаку
👉 2019 _ Бузаку
Излегоа и пазарите на Заев, Оливер и Муки на виделина за да дојдат на власт, па сеа 🍿и🍺.
———-
* Директор на МКЦ во Истанбул pic.twitter.com/y7x5gRytE7— Демир (@Trollowsky) April 24, 2019