-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Костадинов: На 5 мај граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и симбол на непотизам.

За време на нејзиниот мандат како министерка во првата влада во независноста, нејзиниот сопруг добива бизнис со фри-шоп, во тоа време е еден од најдоходовните бизниси.

Таквиот чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, во тоа време наидува на жестока критика токму од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниските архиви говорат дека Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била „симбол на правото и правдата“, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу нив се и тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски и Александар Флоровски.

Дури и самата Сиљановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел, но невешто се обиде да се изземе од одговорност.

Единствениот кој го игнорира доделениот фришоп и очигледниот конфликт на интереси на Сиљановска како министерка во транзициската влада како што вели ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски.

Јасно е лицемерието на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа загубија во првиот круг и затоа ќе загубат уште поубедливо во вториот круг.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

На петти мај, поддршката за Стево Пендаровски дополнително ќе се зголеми, граѓаните ќе изберат вистински претседател, чесен и искрен,кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

поврзани објави

Последни објави