-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски е отсутен: Генералната секретарка Иванова предизвика смеа во Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го врати на повторно гласање Законот за државните награди откако по првиот пат не се постигна потребниот број од 61 глас „за“ на денешната собраниска седница.

Врз основа на Деловникот, Џафери побара од пратениците да гласаат поединечно. Неговото барање беше одобрено од 60 пратениците.

При тоа Џафери ги повика пратениците да седнат на своите места, а на службите во Собрание им нареди да ги затворат вратите од салата.

„Службите да ги затворат вратите и да нема влез и излез од салата при гласањето. Има повеќе од 60 пратеници присутни, но да нема нови влегувања и излегувања“, рече Џафери.

Имињата на пратниците почна да ги чита генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова. Кога дојде до името на осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој е се уште пратеник, Иванова констатираше дека тој е отсутен, што предизвика смеа кај пратениците.

„Епа сега пратеник е се уште“, рече Иванова.

По гласањето Џафери рече дека „за“ Законот за произнеле 61 пратеник, а против бил 18.

Извор: Фокус

поврзани објави

Последни објави