-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски: Нема да се колнам во дедовината дека ќе го вратам името ако не успеам да имам 80 пратеници бидејќи тоа е патот

Кој беше мотивот на Заев да тргне во една ваква авантура. Македонија да биде дел од НАТО и да почне преговори за почеток во ЕУ, да може судот да одлучува поинаку од тоа што требаше да одлучува, да може да стане тој премиер, што беше вистинскиот мотив за тој човек да го потпише Договорот од Преспа. Преспанскиот договор е имплементиран. За да јас ја променам оваа реалност мене ми се потребни 80 пратеници. Јас не можам да ги лажам граѓаните дека можам тоа да го променам сам. Ние земаме плата од министерство за финансии, земаме пензии, функционираме во овие институции со новата придавка, но не ме терајте да ја користам таа придавка, рече Мицкоски во неговото гостување на 24 ТВ.

Јас сега земам плата преку министерството за финансии со новата придавка. Јас не можам да бидам лицемер дека ова не е реалноста во Република Македонија. И моите родители земаат пензија од оваа држава. Тоа е реалноста, ако сакаме ова да го промениме јас нема да се колнам во дедовината дека ќе ја променам за да манипулирам со моите сограѓани. Не, јас тоа нема да го правам. Јас би сакал да го променам но доколку немам 80 пратеници за жал ние ќе функционираме со оваа придавка.

Тоа е патот и не знам што е тука популистички, му рече Мицкоски на новинарот кој инсистираше да одговори на прашањето за тоа како тој од една страна ќе го почитува договорот од Преспа, а од друга страна нема да ја користи придавката „Северна“.

поврзани објави

Последни објави