Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за Независен весник вели дека не е можно политичар кој има куп обвиненија во минатото денес да го реформира судството.
„Ама нели викаа дека имаме „сваровски-судство“ и дека имаат решение за тоа. И народот ги изгласа. Се сеќавате дека Заев предводникот бојадисуваше и мачкаше згради – немало правда, немало мир. Две и пол години потоа судството не само што не е реформирано туку е отворено како пупка. Како ќе ги убедите граѓаните дека е навистина реформирано судството кога во Советот за реформи во правосудството, кој имал еден или два состанока, претседава премиерот на државата. Не може политичар кој има куп обвиненија во минатото денес да го реформира судството. Точно е дека тој го отвори судството како пупка, ама прашање е како сега ќе го затвориме“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Извор: Курир