2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Фото: Православното население го одбележа празникот Источен Петок Балаклија на манастирот Св. Богородица Балаклија во Делчево

Првиот петок по Велигден се нарекува Источен петок Балаклија, празник кој спаѓа во Светлата недела поради што е и наречен Светол Петок, а некаде може да се сретне под името Благ Петок. Празникот е посветен на Пресвета Богородица на која и се оддава признание, со тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Фото Поглед

На овој ден, луѓето ги посетуваат изворите за кои се смета дека се лековити и затоа најчесто се празнува во црквите и манастирите кои се наоѓаат покрај извори. Во Делчево на овој ден голем број на верници го посетуваат манастирскиот комплекс “Св. Богородица Балаклија“ во Делчево“ каде во чест на мајката Божја се палат свеќи за здравје и се замиваат од водата која според старите преданија има лековито својство.

Фото Поглед
Фото Поглед

-Манастирот “Св.Богородица Балаклија“ во Делчево најчесто е посетен на празникот по кој и го добил името, нашите парохјани доаѓаат овде да се замијат со водичката затоа што од изворот произлегува вистината што најдобро може да се согледа од црковните преданија кои велат дека во времето кога царот Лав шетал во шумите кај Цариград слушнал глас од Света Богородица која му рекла: -Лаве, барај и ќе најдеш извор кој ќе даде да прогледне старецот што ти бара вода. Тогаш прогледнал старецот и затоа овој петок се вика и Светол Петок. Затоа на тој ден и нашите парохјани го посетуваат манастирот за да се замијат од водичката за здравје и спасение на нив и нивните фамилии, истакнаа од црквата “Успение на Пресвета Богородица”.

Прочитајте го целиот текст на порталот Delcevo365 ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави