4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Изненадувачки бројки од албанските населени места: Излезноста е многу слаба

На првата прес-конференција, ДИК информираше дека до 10 часот од запишаните 1.808.131 граѓанин во избирачкиот список на гласачките места излегле 6,31 отсто, односно вкупно 99.192 гласачи.

Излезноста во средините со мнозинство население Албанци е многу слаба. Во македонските средини, граѓаните гласаат повеќе од очекуваното.

ДИК информираше дека до 10 часот најмногу избирачи гласале во Крива Паланка, 14,91 отсто, во Демир Капија 13,24%, во Кратово 12,46 отсто и во Берово 11,06 отсто.

Додека пак најмалку гласачи, излегле во Врапчиште, 1,16 отсто, во Дебар 1,29 отсто и во Боговоиње 1,31 отсто.

До 10 часот во рамки на општина Тетово гласале 2,35 отсто или 1961 од вкупно 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во првиот круг излезноста до истиот период односно три часа по отворањето беше 3,58 отсто.

Во Желино и Боговиње се бележи најмала излезност на граѓаните. До 10 часот во Желино гласалеа 1,20 отсто додека во Боговиње 1,31 отсто од граѓаните во избирачкиот список.

Општина Теарце бележи 1,57 отсто или 347 граѓани од 22.116 гласачи.

Во Општина Велес во вториот изборен круг до 10 часот гласале 3.603 гласачи или 7,83 проценти.

До 10 часот на избирачките места во општина Гевгелија излегле да гласаат 1.867 граѓани што претставува излезеност од 9,7 отсто.

Гласачкиот процес тече мирно и во општина Валандово каде, според податоците од ОИК, до 10 часот гласачкото право го искористиле 698 граѓани или 7 отсто од гласачкото тело.

Во Општина Богданци до 10 часот на гласање излегле 615 граѓани или 9 отсто, а во општина Дојран излезеноста е 8,9 отсто,односно правото на глас го искористиле 266 евидентирани граѓани во гласачкиот список.

поврзани објави

Последни објави