Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот Тетово-Скопје, каде што се преврте товарен камион, извести очевидец за 1ТВ.
За сега не е позната причината за несреќата, се очекуваат дополнителни детали од МВР по истрагата.
Поради несреќата, сообраќајот се одвива отежнато, по една сообраќајна лента.
Инаку, пред нешто помалку од месец дена, цистерна полна со нафтени деривати исто така се преврте, но кај Неготино. Возачот на цистерната не беше повреден, но негов колега во телефонски разговор откри дека најверојатно причината е замор на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал претходниот во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје, по што на социјалните мрежи се јавија голем број на негативни коментари, од луѓе кои го потврдуваа тој начин на работа.
Возачот со кој медиумите тогаш разговараа изјави дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон. Одговор побараа и кај надлежно лице во компанијата. Одговорниот со кој беше стапено во контакт кусо рече дека не може да разговара.