6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мисајловски и Гордана Силјановска Давкова на плоштадот „Македонија“ ја следат историската посета на Папата Франциск

Позитивната мисла и добрината да бидат водилка на секој еден од нас. Посета на Папата Франциск. Скопје, Република Македонија, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук, кој заедно со Гордана Силјановска Давкова и генералниот секретар на партијата денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје ја следат историската посета на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на Македонија.

Кој е човекот кој што денеска е во посета на Македонија?

Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква.

Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка.

Хорхе Марио Бергољо е роден а 17-ти декември во 1936-та година во Буенос Аирес, во семејство со пет деца, а неговиот татко бил италијански имигрант, поради што папата Франциско има и аргентинско и италијанско државјанство.

Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучил за свештенички повик и стапил во богословија. Во новицијат стапил на 11-ти март 1958-ма година. Хуманистички студии завршил во Чиле, а во 1963-та година, по враќањето во Буенос Аирес, завршил на Филозофскиот факултет во Сан Мигел.

Папата Франциско како универитетски професор следните две години предавал книжевност и психологија на колеџот “Immacolata” во Санта Фе, а во 1966-та ги предавал истите предмети на колеџот “Salvatore” во Буенос Аирес. Од 1967-ма до 1970-та студирал теологија на Теолошкиот факултет во Сан Мигел.

За свештеник бил ракоположен на 13-ти декември 1969-та година, а во “Исусова дружба” го минал својот трет пробандат во 1970-та година. Во 1971-ва година во Алкала де Хенарес во Шпанија, на 22-ри април 1973-та ги положил своите доживотни завети.

На 20-ти мај 1992-ра година Папата Јован Павле Втори го именувал за помошен бискуп на Буенос Аирес, а на 27- јуни истата година во катедралата во Буенос Аирес бил ракополжен од кардиналот Антонио Куарацина. За надбискуп коадјутор на Буенос Аирес бил именуван на 3-ти јуни 1997-ма година, а на 28-ми февруари, по смртта на кардиналот Куарацина, го наследил во надбискупската служба.

Како надбискуп патувал со јавни превозни средства, а наместо во бискупската палата, живеел во изнајмен стан, и со тоа го заслужил прекарот “кардинал на сиромашните”.

Зборува шпански, италијански, а се служи и со германски јазик. Познат е и како добар готвач, љубител на опера, следбеник на грчката класика, Шекспир и Достоевски. Важи и за добар пливач, иако од детство има проблеми со белите дробови.

Бил тутор за почетниците во Вила Барилара во Сан Мигел, професор на Теолошкиот факултет, консултант во својата провинција и ректор на колеџ. За покраински поглавар на Аргентина бил избран на 31-ви јули во 1973-та, и на таа позиција бил шест години.

Foto

Меѓу 1980-та и 1986-та година бил ректор Филозофскиот и теолошкиот факултет, односно парохиски свештеник во Сан Мигел.

Ги напишал книгите “Meditationes para religiosos” во 1982-ра, “Reflexiones sobre la vida apostolica” во 1986-та и “Reflexiones de esperanza” во 1992-ра. Бил ординариј и за верниците на источниот обред. Бил и Голем канцелар на Аргентинскиот католички универзитет. На 10-тото редовно општо собрание на Синодот на епископите во октомври 2001-ва бил генерален релатор.

Од ноември 2005-та, до номеври 2011-та година бил претседател на Аргентинската бискупска конференција.

Првиот кардинал од редот на ѓаконите, Жан Луис Тауран, во околу 20:15 часот на 13-ти март се појавил на ложата во ватиканската базилика и по традиционалната објава на латински “Hebemus Papam!” или “Имаме Папа” открил дека кардиналите тој ден за папа го избрале аргентинскиот кардинал Бергољо, кој го избрал името Франциско. Откако ги замолил верниците да се помолат за Бенедикт XVL, ги замолил да пратат Божји благослов и за него.

Папата Франциско бил инаугуриран на 19-ти март 2013-та година како поглавар на Ватикан и Католичката црква.

поврзани објави

Последни објави