6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Управниот суд донесе одлука дека нема да се прегласува во Ново Село

Управниот суд ја одби тужбата од ВМРО-ДПМНЕ што се однесуваше на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачкото место 1789 во Ново Село, во однос на тоа дали бројот на гласачки ливчиња одговааат на бројот на потписи во избирачкиот список.

На седницата на судот беше посочено дека немало забелешки за процесот на гласање кој траел до 19 часот, туку за сумирањето и утврдување на резултатите на ова избирачкото место.

По гласањето било констатирано дека во Избирачкиот список се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

ДИК го отфрли ваквиот приговорот на ДПМНЕ откако по службена должност го отвори гласачкиот материјал и по неколкукратно пребројување констатираше дека тој е во ред, што беше потврдено и од надлежниот суд.

поврзани објави

Последни објави