Премиерот Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица, вчера биле домаќини на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и неговата сопруга Анита.
Ова вчера на својот фејсбук профил го објави Харадинај, кој објави и фотографии.
„Заедно со Анита, примени во куќата на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга. Пријателски разговор, за добрососедство, коректна кооперација и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“, напиша Харадинај на неговиот профил.