4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

За бројчаникот, бегалката и уште нешто

Дали ќе биде најголемиот успех на оваа Влада одземањето на мандатот на Груевски?

Доаѓа момент кога владата на Заев уште еднаш треба да одигра претстава за Груевски, иако сѐ уште немаат објаснување како „избегал“. Од тука можеме да ја видиме големината и способноста на истите. Впрочем тука и се поставуваат оние забранети прашања: Каква врска имаат Зоран Заев и Никола Груевски? Каква зделка се направи за слободата на Груевски? Како портирот Крсто Муковски и неговата група станаа Европејци и северно Македонци, за да не постанат затвореници? И каде е братучедот кој е посредник во целата ситуација? Тука само едно ќе кажам: „Целта ги оправдува средствата!“

Колку едноставно се заташка целата работа секоја чест. Но барем да ни кажевте дали го зеде со себе бројчаникот кој требаше да виси на Триумфалната капија, чисто да си знаеме. И кога сме веќе кај бројчаникот до кај сме со украдените пари?! Или на бате Мијалче му ги дадовте за двотретиснко мнозинство, а пак кутриов народ се израдува дека ќе им ги вратите. Барем да му кажевте на народов дека уште малку мора да дава и кога тогаш ќе дојде редот и на нив да земат нешто. Ете на Павле му дојде редот, ама тој пак избрза, само „пола“ зеде. Нема правда, нема мир!

Од другата страна пак, се брани и се заштитува „бегалката“, но имаат и добро објаснување, на шопинг бил во Будимпешта. Тешко дека со ваков пристап новите лица во ДПМНЕ ќе ја пробијат бариерата и ќе докажат дека се одрекуваат од злото. Зарем некој очекуваше друг исход? Зарем некој очекува оваа гарнитура на ДПМНЕ да направи нешто? Рака на срце, пола членство на ДПМНЕ не знае ни што бара Мицко во истата партија и сѐ уште го прашуваат да не случајно утнал некоја врата, но таков е животот ќе залуташ некогаш и ќе се најдеш на погрешно место… Јасно е како ден како стојат работите таму, а и тактиката на Бранко е совршена, им пушти неколку комуњари и ќе ја растурат за брзо. Како беше тоа реформатори, бојкотирачи, народни, дури и Филипче им забега, но комуњарите, Титови леви сили и социјалистите не ги оставаат-верни до гроба.

Следен чекор на ДПМНЕ: кандидат за претседател Драган Павлович- Латас… Уште тоа да го видиме и на раат на печалба да си бегаме.

П.С За да падне Грујо беа потребни бомби, протести и разно разни манифестации, а пак Зоки е едноставен, дај му власт и сам ќе си се упропасти (сам себе се уби).

Автор: Даниел Јорданоски- ГДУ-Охрид

поврзани објави

Последни објави