Попладнево нашатa територија потпадна под влијание на значително нестабилна и влажна воздушна маса и тоа поради влијанието на плиткиот циклон кој се наоѓа над Медитеранот. На повеќе места имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во околината на Делчево процесите беа најинтензивни каде имаше каде беше забележана и појава на град, кој предизвика штети врз земјоделието а поради интензивните врнежи од дожд во Делчево дојде и до поплавување на домовите.
Под влијание на оваа исклучително влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови ќе имаме доста нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места а локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, па така на граѓаните им препорачуваме голема претпазливост во случај на појава на невреме, информира метеорологот Славчо Попоски.
Поради интензивните врнежи исто така во следниот период можни се нови поплавувања поради тоа што локално се оочекува да наврне количество на воден талог дури од 40 до 100 л/м2.
Сепак и покрај ова продолжува релативно топлото време но крајна претпазливост доколку се појават силни електрични празнења и на сите други појави кој се горе споменати.