14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Битолчанка со исповед за она што се случува на телевизија

Нема шанси уште ед’нш да седнам да гледам американски филм!

Седнах, пуштих драма, викам чеки саа да се опуштам, ќе заспам, абе п*чка ли ти лепа материна, живците ми ги сокинаа, не заспах до сабајле, кутија цигаре испуших на тераса од нервоза! Значи вака бидна:

Пуштам, филмо почнува вака: рано сабајле, мажот и жената оште спијат, гушнанки у загрљај, жената исчешланка, нашминкана, а тај еден маж измазнан, избричен, не мрднува, не прднува. Заѕвони саато, подразбудија се и одма почнаа да се бацуват за добро утро!

Ејгидии, чудам се, викам си по а’кло, а бе тии човеци мора за вечера да јаделе поховани херба бомбоне по 300 грама, а не кату нас, говеда, напукааме се сношти пржено сирење, френка и лукосани чушки, добро ставииме и магданос да убие смрдеата од луко, ама џаба! Тава ми беше првичнио шок.

Сега стриктно на жената се концетрирам, да видам она додека е стигнана у животу, а додека сам јас! Шо ми требаше! Жената у еден ден стигна да оде сабајле на џогинг,да се истушира, да оде на работа, после да си прибере децата од школо, да оде у шопинг, у книжара книга да си купе, со другарките на кафе да оде, да копа китките у бафчата, да напраа и појадок, ручок и вечера и ужини, дома сичко цакум пакум, а влеват-излеват, облечуват-соблечуват, јадат- пијат, а куќата СВЕТЕ!!

Чистачка, т.е куќна помошничка не видех нигде, изгледа за време на рекламите и чистаа, не знам, не сум паметна!!!

Жената цело време беше дотерана, таква пицнана, дури и гомната од кучето ка ги збираше по дворо, со штикли беше! А со мажот и здробија се бацувајќи! На секое влеване и излевање од дома они се бацуваа! Хај хани, цмок.. И така, едно четиријсе пати! Они колку се избацуваа за сат и пол, ние со мојо маж за цел живот се нем ме избацувано. Памтам така ка се регистрираме се бациме и после од нова година на нова година и тва не секоја!

Децата на ваа жената у филмо како и беа у ред туренки – свака част! А бе 9 саато, само шо каќа мајката , ајде деца време е за спиење ни крк ни мрк тија дечичката, право си легнаа! Јас ка ќе замалеам, ајде 10 саато, ајде 11 саато, ајдее 12 саато, и ќе заспам попрва малеејќи, изморена од живото, а плус паднан притисоко од луко, купа станувам! И не ме веќе гајле, кој легнал, кој јадел, кој заспал! И ја изнервирах се од тај филмо, нервирах се цела ноќ!

Зашо толкаво жениште сам, не можам ни 12 % да постигнам у дено од американката шо направи ! А најкриво ми беше, мажот ни еднаш не га препцуја! А бе еднаш да ја опцуја, да ми напраа ќејфо, ма јокк, од хани подоле не го симна!

И саа, у Америка така ли е, не ли е, јас не знам, може оти на филм. Пред да заспам, ја се утеших, тава само на филм е изгледа!

поврзани објави

Последни објави