2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вардар веќе го има новиот предводник за следната сезона, открива македонскиот спортски медиум „Гол“

По само еден ден од историскиот успех на Вардар и второто освојување на Лигата на шампионите во ракомет, од Словенија пристигнува бомбастична вест – македонскиот тим веќе го има новиот предводник за следната сезона.

Како што пишува Дело нов тренер на европскиот шампион ќе биде Урош Зорман, долгогодишниот капитен на словенечката репрезентација, кој во овој момент е помошник на Веселин Вујовиќ во Словенија и на Талант Душебаев во Киелце.

Словенечкиот медиум повикувајќи се на сигурен извор пишува дека Зорман 99% се сели во Скопје, додека друг извор потврди дека е најсериозниот кандидат за замената на Парондо, кој седнува на селекторското столче на Египет.

Самиот Зорман не сакаше да коментира за евентуалниот премин во европскиот шампион, затоа што сè уште е под договор со полски Киелце.

Извор: gol.mk

поврзани објави

Последни објави