-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Ел Чека“ го предупреди Заев – „бомбите“ се за ДУИ, но едно нешто мора да направиш и ти

Лицето коешто во јавноста е познато под псевдонимот „Ел Чека“, преку својот новоотворен фејсбук профил предупреди дека добил информации од Обвинителството оти периодов нешто се подготвувало против затворениците од случајот „Диво Насеље“. Во пораката му се обраќа на премиерот Заев со предупредување дека тој мора да внимава на нив.

Ел Чека прецизира дека изворот му пренел оти осудените Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи не треба да ја јадат затворската храна ниту пак, да излегуваат од келиите.

На крајот од текстот се испраќа и пораката – „ако им се случи нешто на тројцата, Заев треба да ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници!“

Ел Чека кој е роден во Кичево, во моментов живее во Чикаго, а последниве денови објави десетици прислушувани телефонски разговори на социјалните мрежи.

поврзани објави

Последни објави