14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГДУ: Јавно обраќање до Претседателот на Републиката г. Стево Пендаровски

„Веруваме дека имате оправдани причини што досега не го привлековме Вашето внимание со нашето писмено обраќање до Вас ( од 20-05-2019), во кое се осмеливме да Ви сугерираме да преземете активности во духот на Вашите предизборни ветувања. Навистина, тие Ваши ветувања се јавно кажани и во кампањата во 2016 и во кампањата 2019 година. Впрочем и Вие и Вашиот главен политички партнер, во повеќе наврати критички се осврнавте на постојните изборни модели а особено парламентарниот изборен модел како генератор на политичка нестабилност во земјава.

Веруваме дека и Вие самиот немате намера да настапите во иднина на некоја друга кампања со истите ветувања?!

Затоа, си земавме слобода овој пат да Ви се обратиме на овој начин и подготвивме еден краток материјал со цел да Ве потсетиме и Вас, а и други мошне важни и значајни фигури на нашево политичко небо, се вели во јавното обраќање на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

поврзани објави

Последни објави