Во текот на последната недела двајца руски новинари кои истражуваа корупција меѓу локалните властодржци и моќници, се најдоа на мета на непознати напаѓачи или органи на редот.
Едниот од нив заврши зад решетки за случај за кој неговите колеги тврдат дека е чист наместен случај, а другиот е нападнат физички.
Ги разоткри тајните шеми на Кремљ, па го ставија зад решетки
Иван Голунов, новинар на незаивсниот портал „Медуза“ се наоѓа зад решетки веќе неколку денови под обвинение дека сакал да продаде поголемо количество на забранети супстанци, што спрема рускиот закон значи казна од над 10 години лишење од слобода.
Прочитај повеќе вести: Борис Џонсон: Нема да им платам на ЕУ 39 милијарди фунти за брегзит
Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, фаворит за нов британски премиер, рече дека ќе одбие да плати „сметка за разводот“ од 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобри услови.
– Велика Британија ќе плати „сметка“ вредна 39 милијарди само ако постои „поголема јаснотија“ во постигнувањето на договорот, изјави Џонсон во интевју за Сандеј тајмс.
– Отсекогаш сум сметал дека е многу необично да се согласиме да потпишеме чек пред постигнување конечен договор, додаде тој.
Премиерката Тереза Меј во петокот поднесе оставка во Конзервативната партија со што почна трката за нејзин наследник, но не и за паралментарни избори.(МИА)