14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хуманоста на Боки 13 продолжува: Згрижени Дејан и неговиот неподвижен татко

По сторијата за Дејан Костовски кој побара помош од јавност за згрижување на својот неподвижен татко и условите во кои живеат доби среќен крај.

Бојан Јовановски познат како Боки 13 на својот Фејсбук профил обелодени дека таткото на Дејан е згрижен во болница и е во многу добра состојба, исто така и Дејан ќе живее во стан, а ќе почне и да работи.

“Денеска остварив средба со 22-годишниот Дејан Костовски кој живееше во 9м2 со својот неподвижен татко, тој дојде кај мене на кафе со својот најдобар другар. Разговаравме, споделивме мислења и искуства и на крајот Дејан заедно со својот другар си заминаа полни со оптимизам и задоволство. Тој веќе не живее во таа распадната куќа, благодарение на некоја госпоѓа која му платила стан за една година додека неговата куќа не се реновира и не биде функционална. Неговиот татко е сместен во болница и е многу подобар. Јас ја презедов одговорноста куќата на Дејан да биде комплетно реновирана и опремена со сите услови за достоинствен живот и тоа ќе биде завршено во најкус можен рок. Дејан е паметно момче, работно способно, одговорно и добро воспитан, јас таквите луѓе ги сакам и почитувам. Дејан од 01.03.2017 ќе биде вработен со солидни шримања какви што заслужува секој еден кој има желба да работи со труд да обезбеди подобра иднина за себе. И на крај сакм уште ова да го напишам, луѓето се делат само на добри и лоши, поинакви подебли и етикетирања не прифаќам. Дејан е добар и заслужува пристоен и достоинствен живот, затоа шансата му ја пружам со цело срце“, истакна Боки 13.


поврзани објави

Последни објави