Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес се сретна со амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, која доаѓа на негово барање, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Воспоставувањето стабилност со цел придвижување на работите нанапред и надминување на постојната состојба се дел од желбите кои ги посакува францускиот амбасадор на Република Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека партијата имала обид во рок од 20 дена да формира Влада, иако од самиот почеток ни беше јасно дека со така тесното мнозинство формирањето на Влада во Македонија ќе биде сериозен предизвик, сепак и покрај се влеговме со добра волја и оптимизам. Но, за жал кај ДУИ се појавија некои прашања кои ги одвратија да прават коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од разговорите со нив, а и од информациите кои ги добивме, доминираат најмалку две покрупни прашања, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека првото е поврзано со корпусот на национални прашања, каде што влегува новата платформа која ја предложија и бараните измени на законот за употреба на јазиците и второто е поврзано со нивните предизвици поврзани со наредните локални избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнале дека во Македонија имало партии кои имаат специфика прилично несвојствена за други држави во светот, а тоа, како што наведуваат, е да бараат и да чекаат мислење од некој надворешен фактор за работи за кој вообичаено во земјите насекаде во светот не се очекува мислење за такви работи од надворешни фактори, или дури и не може да се замисли некој друг да се вмешува во носењето на одредени одлуки на партиите.
ВМРО-ДПМНЕ многу ја почитува меѓународната заедница, секогаш со полна сериозност приоѓа кон анализа на ставовите и пораките што се испраќаат од нејзе, и ги земаме предвид при носењето на одлуките, но и разграничуваме каде треба да се даде поголем тежински фактор на тие мислења, а каде и во кои случаи треба да се даде помал тежински фактор при носењето на одлуката. Тоа го правиме во склад со праксата која ја имаат и другите политички партии во Европа и низ демократскиот свет, истакнале од ВМРО-ДПМНЕ, при што потенцирале дека сепак секој си одлучува за својот начин за работење и секој сам има право да одлучи како ќе носи одлуки и како ќе одлучува во иднина.
Францускиот амбасадор подвлекол дека тоа не е нешто што не е познато на Балканот.
„Во француската традиција е да се почитува независноста на државите и затоа ние се обидуваме колку што е можно помалку да се мешаме во внатрешните работи“, изјавил амбасадорот.
„Во разговорите со ДУИ се согласивме да разговараме за евентуални унапредувања поврзани со општините каде што над 20 проценти се од некоја различна етничка заедница од мнозинската, при што се развија идеи кој ќе беа од корист и за албанската и за останатите етнички заедници во општините каде се 20 осто“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Францускиот амбасадор запраша дали во ВМРО-ДПМНЕ се смета дека Ахмети е искрен во тоа што го кажува во политиката, на што беше одговорено дека неговата искреност и мудрост сега се на многу сериозен тест.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочиле дека во последно време од некои страни се даваат идеи за широка влада и оти ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека формирањето на широките коалиии во Македонија, е проверен рецепт за неуспех.