3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Во Германија изграден највисокиот песочен замок во светот

ЗАБАВАВо Германија изграден највисокиот песочен замок во светотОбјавено пред 4 дена – 8 јуни, 2019Од Макфакс

На Фестивалот на песочни скулптури во германскиот град Бинц, на островот Риген во Балтичкото Море, изграден е песочен замок висок 17,66 метри, кој е највисокиот досега изграден замок во светот.

Изградбата на овој замок почнала во мај и тој го собори претходниот рекорд што го држеше замокот изграден во Дуисбург, исто така во Германија, во 2017 година, кој беше висок 16,68 метри, пренесува Си-ен-ен.

Бинц е крајбрежен град познат по своите песочни плажи, но песокот што се користи за натпреварувањето се увезува од Холандија бидејќи полесно се обликува.

Песочниот замок личи на замокот од „Игра на тронови“ со змејот во подножјето и ѕидовите што ги опкружуваат високи кули.

Организаторот Томас ван Дунген доби сертификат за Гинисовиот светски рекорд како признание за постигнување.

поврзани објави

Последни објави