4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Стразбур во одбрана на новинарите, ќе има правда

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на новинарите, кои на 24 декември 2012 година беа исфрлени од Собранието на Република Македонија. По тој повод, со соопштение се јави и СДСМ, кои велат дека пресудата е уште еден меѓународен пораз за Република Македонија.

„Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 владата предводена од Груевски изврши грубо прекршување на законите и Уставот на Република Македонија. Пресудата која е донесена едногласно е уште еден меѓународен пораз за Република Макеоднија, но и за Уставниот суд на Р.М. кој го одби барањето на новинарите за заштита на слободите и правата на новинарите.

Ваквиот епилог во Европскиот суд за човекови права е доказ дека правдата е бавна, но сепак достижна. 24 декември ќе остане запишан како најцрниот датум во македонската современа историја како ден кога се погазија сите човекови права и слободи, само затоа што така посака Никола Груевски.

За никогаш повеќе да не се повторат грозоморните слики од црниот понеделник, на Македонија итно и е потребна нова влада одговорна на граѓаните. Доаѓа време на правда и одговорност. Секој кој го прекшил законот ќе мора да одговара без разлика дали бил нарачател или извршител на кривично дело. Македонија ќе тргне по патот на правдата, бидејќи тоа е единствениот вистински пат“, стои во соопштението на СДСМ

поврзани објави

Последни објави