14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Новинарите кои беа насилно исфрлени од собранието ќе бидат обештетени

Европскиот суд за човековите права донесе пресуда во врска со случајот на новинарите кои беа физички отстранети од собраниското обезбедување на седницата за носењето на Буџетот во 2012 година. Во овој предмет постои повреда на членот 10 и членот 6 од Европската конвенција за човековите права, пресуди Судот во Стразбур.

Денешната пресуда е донесена едногласно од седумте судии, каде што се вели дека имало прекршување на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, која се однесува на правото на фер сослушување и прекршување на членот 10 од Европската конвенција, кој се однесува на слободата на изразување.

 Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур и ќе излезе со официјална изјава по консултациите со Управниот одбор на ЗНМ.

Државата треба да им плати компензација од по 5.000 евра  на тужителите Насер Селмани, Тони Ангеловски, Билјана Дамеска, Фросина Факова, Снежана Лупевска и Наташа Стојановска.

на седницата за носењето на Буџетот во 2012 година. Во овој предмет постои повреда на членот 10 и членот 6 од Европската конвенција за човековите права, пресуди Судот во Стразбур.

Денешната пресуда е донесена едногласно од седумте судии, каде што се вели дека имало прекршување на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, која се однесува на правото на фер сослушување и прекршување на членот 10 од Европската конвенција, кој се однесува на слободата на изразување.

 Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур и ќе излезе со официјална изјава по консултациите со Управниот одбор на ЗНМ.

Државата треба да им плати компензација од по 5.000 евра  на тужителите Насер Селмани, Тони Ангеловски, Билјана Дамеска, Фросина Факова, Снежана Лупевска и Наташа Стојановска.

поврзани објави

Последни објави