Вистинските економски политики кои ги води Владата предводена од СДСМ и напредокот кон ЕУ и НАТО се препознаени и забележани од светот, сметаат од владејачката партија.
Тие тврдат дека Извештајот за инвестициите во светот 2019 на Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој јасно констатира дека Република Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во споредба со сите земји од Западен Балкан.
– За само една година, стои во Извештајот во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто! Од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година. Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец. – соопштуваат од СДСМ.
Тие дополнуваат дека извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе допринесат позитивниот тренд на економски раст да продолжи со зголемен интензитет.