5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ердоган доаѓа во Македонија, причината е џамијата во Охрид

Вратите на Али пашината џамија отворени за амбасадорката на Република Турција во нашата држава, нејзиниот тим како и претставници од муфтиството од Охрид. Тие денеска извршија контрола на верскиот објект а официјалното отворање на кое се очекува да присуствуваат претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган премиерот Заев и претседателот Пендаровски ќе биде закажано кога ќе се најде заеднички термин, пренесува Сител.

И покрај реакциите дека минарето се гради цели три години под превезот на проектот за реставрација и конзервација без одобрение за градба за амбасадорката Тулин Еркал Кара нема ништо спорно таа вели дека верскиот објект е изграден согласно договорот помеѓу двете земји.

Амбасадорката Тулин Еркал Кара тврди дека верскиот објект е реставриран како што бил во минатото и порача да се почитуваат различностите помеѓу луѓето.

Со реконструкцијата на овој верски објект споре амбасадорката Тулин Еркал Кара ќе се збогати културното наследство а воедно ќе се зголеми и бројот на посетители во градот.

поврзани објави

Последни објави