Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прослава во Македонската филхармонија, по повод 29-годишнината од основањето на партијата, во својот говор рече дека датумот за почеток на преговори со ЕУ не ни е доделен „не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што владата не ја бива“. Мицкоски изрази убедување во две работи. Како што рече, првата е дека СДСМ паѓа, а втората оти ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува.
„Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, тој нема да практикува романтичарски ветувања на граѓаните, туку ќе се фокусира на подобрување на животот на сите граѓани.
„Мојата борба е за подобар стандард и подобар живот. Сите договори со партиите кои ќе ги правам ќе бидат токму на оваа основа, на принципи и вредности. Земјава е уморна од романтизмот и стапиците на власта кои не носат ништо добро, рече Мицкоски.